
Интервентната полиција ги одбива приврзаците на претседателот Доналд Трамп кој ги повика да се повлечат од просторот пред Капитол и од зградата на Конгресот во која уипаднаа за да ги оспорат верификувањата на електорскиот колегиум според кој на претседателските избори на 3-ти ноември победил демократот Џо Бајден.
Полицјата се судри со илјадниците демонстранти и поддржувачи на републиканскиот претседател, а во покањето е повредена една жена, веројатно демонстрантка. Погодена е во градите и е во критична состојба, според телевизијата CNN.
Пратениците на Претставничкиот дом и на Сенатот во средата во зградата на Конгресот треаа да дискутираат по последниот обид на републиканците да ја оспорат победата на демократот. Беа евакурина откако непрегледната маса демонстранти ги проби неколкуте полициски кордони и покрај обемното користење на солзавец и истрели упаднаа во зградаа на парламентот, демолирајќи ги прозоцрците.
„Трамп победи на овие избори“, викаше демонстрант во снимка на америланските телевиз кој се прибил во Сенатот. Еден од демонстрантите упаднал и во канцеларијата на претстедателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, една од личностие која најмногу ги иритира поддржувачите на Трамп, но која била евакуирана на сигурно. Евакуиран претходно бил и потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој требаше да претседава со заедничката седница на двата дома на американскиот парламент.
Демонстрантите по говорот на Трамп пред Белата куќа во кој уште еднаш ги повтори тврдењата дека изборите се украдени, критикувајќи ги и своите сопартијци за немањето храброст да се спротистват на хајката на неолибералите и поддржана од водечките медиуми под нивна контрола, се упатија кон Капитол.
Откако избувнаа безредијата и судирите, Трамп нареди активирање на целиот состав на Националната гарда во Вашингтон, како и во соседните сојузни државаи Вирџинија и Мериленд.
Бајден се обрати на нацијата од неговито дом во Далавер и рече дека хаосот на Капитол е „напад врз американската демократија кој се граничи со бунт“ и го повика Трамп да се јави и да „стави крај на опсадата“ на Капитол.
Трамп истовремно во видео порака објавеа на Twitter објави видео порака во која ги повика демонстрантите да се разијдат, но му се забележува што не го осудил упадот во Конгресот и насилството кое го предизвикале неговите поддржувачи.
„Знам како се чувствувате, ни ги украдоа избори, мазнаа победа. Сите тоа го знаат, особено другата страна. Но сега морате да одите дома. Мораме да имаме мир. Мораме да има закон и ред. Знаеме како се чувствувате, но одете дома, одете во мир. Ве сакаме, вие сте многу посебни“, рече Трамп.
Трамп го критикуваше и својот потпретседател Мајк Пенс поради колебањето да им се придружи на републиканците кои сакаа а го оспорат потврдувањето во Конгресот на гласањето на електорскиот колегиум. Пенс одговори дека нема уставни овластувања еднострано да ги прифати или одбие гласовите на изборните електори, но ги поздрави напоритена републиканските пратеници да вложат приговори на неправилностите.
Градоначалничката на Вашингтон, демократката Муриел Боузер, го осуди упадот во зградата на Капитол и го нарече „срамотно однесување“. Потврди дека полицискиот час, кој започна во 18 часот (на полноќ по средноевропско време), се однесува на сите, освен на работниците во клучните служби.
„Ќе се спроведува законот и редот и ваквото однесува нема да се толерира“, рече Броузер.