Американскиот претседател Доналд Трмп и неговиот постар советник и зет Џаред Кушнер контактираат со своите сојузници во Конгресот и ги наодно ги повикуваат да ги обехрабрат иницијативите на демократите за поведување на постапката за импичмент на републиканецот интензивно критикувајќи ги напорите на демократите преку социјалните мрежи, објави во неделата весникот The Washington Post повикувајќи се на неименувани извори.
Истовремено, весникот забележува дека во моментов е нејасно дали напорите на Трамп и Кушнер дале резултат. Во саботата, според забелешката на The Washington Post, во медиумите и социјалните мрежи главно биле присутни повиците на демократите за отстранување од должноста на актуелниот републикански претседател.
Мала група републикански пратеници објавија во меѓувреме писмо во коешто го повикуваат новоизбраниот претседател Џо Бајден да се обрати да го спречи поведувањето на постапката за импичмент, односно сенатско судење за неговиот претходник Донал Трамп. Коментирајќи го апелот, прес-службата на демокртот потсетува на неговата изнава дека одлуката за евентуалниот импичмент на сегашниот американски челник мора да ја донесат законодавците во Конгресот.
Истовремено The Washington Post добил увид во меморандумот во врска со можниот импичмен, дистрибуиран меѓу сопартијците од страна на лидерот на републиакнците во во Сенатот, републиканецот од Кентаки, Мич Мекконел. Тој истакнал дека горниот дом на Конгресот нема да се врати на работ до 19-ти јануари. Тоа во суштина значи дека судењето за отповикувањето во Сенатот, доколу и навистина се случи, ќе се одвива откако Трамп ќе ја напушти претседателската должност.
Тоа се доведува во поврзаност со фактот што демократите во основа сакаат осудителна одлука во Конгресот за Трамп по секоја цена па и откако од 20-ти јануари во Белата куќа ќе велзе Бајден, со цел да се издејствува забрана републиканецот да се кандидира повторно за претедателската функција во 2024 година, како што Трамп претходно неколкупати најави.
И покрај јасните критики и осуди за Трамп за наводното негово поттикнување на безредијата на Капитол Хил во средата и меѓу неговите сопартијци, во Претставничкиот дом, сепак, има конгресмени кои се противат на идејата за отпочнување на процесто за негово отповикување.
„Импичмент за претеседателот на 12 дена пред крајот на неговито мандат, само ќе ја продлабочи поделбата во нашата земја“, предупреди во петокот Кевин Меккарти, конгресмен од Калифорнија, челник на републиканците кои се во малцинство во долниот дом.