Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот ноќта по средноевропско време се повика на патењето на народот во Северна Кореја во образложувањето на својата одлука да ги поништи санкциите кои Вашингтон ги воведе за да го стегне обрачот околу Пјонгјанг и да го натера да се откаже од неговата нуклеаран и ракетна програма.
„Во Северна Кореја многу патат (…) и едноставно мислев дека во овој момент не се потребни дополнителни санкции. Тоа не знечи дека тоа нема да го сторам подоца. Во многу добри врски сум со Кон Џонг-ун, се разбираме (…) Многу е важно да се сочува таквиот однос колку е тоа можно“, истакнал американскиот претседател Доналд Трамп во разговорот со новинарите во неговиот клуб Мар-а-Лаго на Флорида уште еднаш укажувајќи дека сака да ги задржи добрите односи со севернокорејскиот челник со кој кон крајот на февруари се сретна во виетнамската престолнина Ханој на нивниот втор самит кој заврши со неуспех.
Американското министерство за финансии на 21-ви март објави дека воведува санкции за две кинески бродски компании под обвинение дека и покрај меѓународните санкции работеле со Северна Кореја. Следниот ден на големо изненадување, Трамп на Twitter објави дека наредил повелкување на санкциите.
„Неврнимателната наивност е веќе многу опасна. Очигледната несручност и збрка во Белата куча е упте полоша работа’, реагораше демократскиот пратеник Адам Шиг, претседател на Комитетот за разузнавачки служби на Претставничкиот дом на Конргесот.
Поради нуклеарниот арсенал и развивањето интерконтинентлани ракети Северна Кореја од 2006 година беше под низа санкции на Обединетите нации. Во 2017 година на предлог на САД, Советот за безбедност при ОН едногласно донесе три пакета санкции со кои е забренет извозот на железо, јаглен, текстил и риба од Северна Кореја. Покрај тоа, беше ограничен и извозот на нафта за оваа земја, како и други продукти, а земјите во кои има севернокорејски работници мораа драстично да го намалат нивниот број како извор на значителни девизни суми за владата во Пјонгајнг.