Трамп го нарече лондонскиот градоначалник „срамота“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше левичарскиот градоначалник на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „државна срамот“ и обвинувајќи го дека ја уништува престолнината на Обединетото Кралство, пренесува во неделата британскиот јавен сервис BBC.

Коментарот на американскиот претседател Доналд Трамп следепше по петте напади кои се случија во Лопндон во кои во помалку од 24 часа се убиени три лица, а три се ранети.

Лабуристичкиот водач Џереми Корбин, од чија партија е лондонскиот градоначланик Садик Кан, рече дека е „особено грозно“ што Трамп ги користи „трагедиите на убиените луѓе за да го критикува градоначалникот“,.

Трамп на Twitter коментираше дека Кан претставува „пропаст“ и дека на британската престолнина ѝ е потребен нов градоначланик. Подоцна напиша уште една објава, тврдејќи дека Кан е „државна срамота која го уништува Лондон“.

Како одговор, портпаролот на Кан рече дека неговите мисли се со семејствата на жртвите и „дека нема да троши време на одговорање на ваков вид твитови“.

Полицијата упаси 14 лица, меѓу кои неколку момчиња и девочиња поврзани со петте одвоени напади. Еден 18-годишник е до смрт избоден во петокот попладнето во Вондсворт во јужен Лондон, додека неколку минути подоцна е застрелан 19-годишник во Пламстејд во југоисточен Лондон. Маж во 30-те години починал откако исто така е избоден во Тауер Халетс во саботата попладнето. Рано во саботата двајца мажи се избодени во Клејфам и еден во Брикстон.

Слични напади со ножеви во Лондон во кус временски период беа регистрирани и на почетокот од април. Бројот на убиените во британската престолнина од почетокот на годинава се искачи на 56 жртви. Минатата 2018 година регистрирани се 132 убиства во Лондон.