Трамп го назначи Шон Спајсер за портпарол на Белата куќа

Шон Спајсер стана портпарол на Белата куќа и ќе одговара на прашања на медиумите, се наведува во соопштението на тимот на Трамп за преземање на власта.

Други членови на комуникацискиот тим на Трамп како претседател се сегашните портпароли Џејсон Милер и Хоуп Хикс, како и Дан Скавино, кој е задолжен за социјалните медиуми.