Трамп го номинира Роберт Кенеди за министер за здравство

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра Роберт Кенеди Јуниор за министер за здравство, објавија медиумите во четвртокот навечер.

Демократот Роберт Кенеди, внук на убиениот популарен претседател Џон Фицџералд Кенеди, беше независен кандидат и син на поранешниот американски државен обвинител и претседателски кандидат кој беше убиен во 1968 година, Роберт Ф. Кенеди.

Мејнстрим медиумите Кенеди го прикажуваат како „антиваксер“ и дека е познат по „низата контроверзни изјави“ за здравјето и причините за здравствените проблеми.

По победата на Трамп, тој рече дека „нема никому да ги одземе вакцините“, но дека ќе работи на нивната безбедност и ќе им дозволи на Американците сами да донесуваат здравствени одлуки.

„Предолго Американците ги измачуваа прехранбената индустрија и фармацевтските компании кои се занимаваа со измами и дезинформации кога станува збор за јавното здравје“, напиша Трамп на социјалната мрежа Х.

„Безбедноста и здравјето на сите Американци се најважната улога на секоја администрација, а Министерството за здравство ќе игра голема улога во обезбедувањето сите да бидат заштитени од штетните хемикалии, загадувачи, пестициди, фармацевтски производи и адитиви во храната кои придонесоа за огромната здравствена криза во оваа земја“, додаде Трамп.

„Тој ќе ѝ помогне на Америка повторно да биде здрава. Тој сака да прави некои работи, а ние ќе му овозможиме да ги направи“.“, рече Трамп во својот победнички говор на 6. ноември.