Aмериканскиот претседател Доналд Трамп го обвини во неделата поранешниот директор на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, дека е кукавица бидејќи во медиумите ги доставил белешките за нивните приватни средни, кои наводно откриваат дека претседателот од него барал да ја прекине истрагата за наводно руско мешање во американските претседателски избори.
„Мислам дека тоа истекување на информациите што го овозможил Џејмс Коми ќе биде многу поважно отколку што можевме да мислиме. Целосно илегално? Многу подло“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter, што медиумите го толкуваат на различни начини.
Американскиот претседател во петокот го обвини Коми дека лаже, ден откако во Сенатот беше сослушан поранешниот челник на FBI, кого го смени од должноста на 9 мај.
Коми тогаш, според информациите кои протекоа во медиумите, рекол дека Трамп наводно барал од него да се откаже од истрагата за можното руско мешање во врска со пензионираниот разузнавачки генерал Мајкл Флин, поранешен советник на претседателот за национална безбедност. Флин беше принуден да се повлече откако се дозна дека контактирал со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сереј Кислјак, пред Трамп официјално да ја преземе должноста и оти за тоа не го известил потпретседателот Мајк Пенс.
Во текот на споменатото сенатско сослушување, Џејмс Коми признал дека во мај по отказот преку пријатели на медиуми им доставил свои белешки за разговорите во четири очи со Доналд Трамп.
Во петокот Кори Левандовски, првиот директор на претседателската кампања на Трамп, го обвини Коми дека тие белешки му го дал на професор по право на универзитетот Коламбија, и „не постапил како маж“, бидејќи доколку бил директно ќе им ги дал белешките на медиумите.