Американскиот претседател Доналд Трамп порача во неделата дека ќе се одложи зголемување на царините на увозот на стоки од Кина, што беше најавено за крајот на оваа седмица, благодарејќи на напредокот во трговските преговори, и додаде дека доколку се продолжи така, тој и кинескиот претседател Кси Џинпинг ќе го потпишат договорот.
Американскиот претседател Доналд Трамп планираше да ги зголеми царините од 10 на 25 отсто за кинески стоки во износ од над 200 милијарди долари, доколку двете најголеми светски економии не постигнат договор до петок. Трамп на својот Twitter профил напиша дека е напредотк е постигнат во низа подрачја, вклучително и заштитата на интелектуалната сопственост, трансфер на технологиите, земјоделството, услугите и валутите.
„Затоа ќе го одложам зголемувњето на царините најавено за 1-ви март. Под претпоставката дека двете страни да остварат дополнителен напредок, ќе планираме состанок на претседатело Кси и мене во Мар-а-Лаго и склучиме договор. Многу добар викенд за САД и Кино“, напиша Трамп по средбата.
Одложувањето на зголемувањето на царините значи дека е постигнат напредак кој двете страни се обиделе да го остварат откако започна 90-дневното примирје во трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг.
Кинеските и американските преговарачи се состанаа во вторникот во Вашингтон во четвртиот круг од преговорите од почетокот од годината. Разговорите, кои се одржани во четвртокот и петокот и на министерско ниво, се продолќија до неделата.
Во петокот, по средбата со потпретседателот на кинеската влада Лиу Хе, главниот кинески преговарач, Трамп изрази оптимизам во врска со завршувањето на преговорите. Лиу Хе на Трамп му предал писмо во кој кинескиот претседател Кси Џинпинг напишал оти се надева дека разговроите че продолќат во атмосфера на „заемно почитување и соработка“ и со надека дека ќе биде постигнат „двострано корисен“ договор.