Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп го отфрли планот за приоритетна вакцинација на повозрасните претставници на Белата куќа. Тие требаше да бидат први кои ќе застанат во редот покрај здравствените работници и старите луѓе во домовите за стари лица да се вакцинираат со антиковид вакцината на Фајзер и Бајонтек. Не е познато ниту кога ќе се вакцинира новоизбанриот претседател Џо Бајден. А првите три милиони дози вакцини се диструбираат низ поголемите болниците во сите 50 сојузни држави. Вакцините се дистирубираат во контејнери со сув мраз, бидејки за да остане стабилен препаратот потребна е многу ниска темепратура, односно минус 70 степени целзиусови. Дистрибуцијата е предизвик од огормни и една од најкомплицираните логистички мисии во историјата, велат американските власти.
Јапонската влада одлучи да го зголеми наталитетот со тоа што ќе кофинасира проекти кои со употреба на вештачка интелегенција ќе им помогнат на луѓето да најдат партнери и да основаат семејства. Владата ќе им додели на локалните самоуправи 19 милиони долари за изработка на апликации за барање партнери во кои вештачката интелегенција ќе треба да помогне во спојувањето на партнери. Доколку сегашниот тренд продолжи, до крајот на 21 век населението во Јапонија, кое според 2017 година имаше 128 милиони жители, може да се намали на 53 милиони.
Нигериските власти трет ден по ред се обидуваат да ги пронајдат киднапираните средношколци од државното училиште за момчиња во провинцијата Катсина. Станува збор за 400 деца. Училиштето било нападнато во петокот попладне од поголема група мажи со калашникови.