Трамп го пофали својот однос со Нетанјаху и ја критикуваше Харис за навредливи изјави за Израел

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во петокот го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и ги пофали нивната меѓусебни односи, а истовремено ја прозва потпретседателка Камала Харис, најверојатна негова противкандидатка на изборите на 5 ноември, за „навредливи“ коментари за војната на Израел во Појасто Газа.

Нетанјаху се сретна со Трамп, републиканскиот кандидат во претседателската трка во САД, еден ден по разговорите со демократскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа.

Трамп ги прими Нетанјаху и неговата сопруга Сара во одморалиштето Мар-а-Лаго на Флорида. На средбата тој го критикуваше Харис кој по средбата со израелскиот лидер изрази загриженост за палестинските цивилни жртви во израелската воена кампања во Газа.

„Мислам дека нејзините забелешки се навредливи“, рече Трамп.

Нетанјаху рече дека се надева оти неговото патување во САД ќе доведе до побрз договор за прекин на огнот.

„Се надевам дека е така. Но, мислам дека времето ќе покаже“, изјави Нетанјаху за новинарите.

Нетанјаху пред четири години го налути својот доследен поддржувач Трамп кога му честиташе на Бајден за победата на изборите во 2020 година, во периодот кога републиканецот, впрочем како и ден денес, твреше дека се украдени за сметка на кандидатот на Демократската партија.

Трамп неодамна го критикуваше Нетанјаху за израелските безбедносни пропусти коишто му овозможија на Хамас да го изведе без преседан според координираност, масовноста и свирепоста во седумдеценискиот израелско-палестински конфликт нападот врз воени бази, населби и градови во јужен Израел ланскиот 7 октомври, што ја предузвика израелската офанзива во Газа.

Трамп сега отфрли каква и да е сугестија за тензии со Нетанјаху, чии односи со американските демократи речиси беа прекинати во мандатот на претседателот Барак Обама.

„Имаме многу добри односи“, рече Трамп, укажувајќи на промените во политиката за време на неговото претседателствување, вклучително и преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и повлекување на САД од меѓународниот нуклеарен договор со Иран.

Според некои анкети кои ги форсираат американските мејнстрим медиуми повеќе од деценија непријателски настроени против републикнскиот кандидат, Харис и Трамп се во мртва трка за Белата куќа, што наводно го натерло Нетанјаху, традиционално лојален на републиканците на Трамп отколку на демократите на Бајден, да постигне нводна рамнотежа во односите со САД. Таквата оцена се извлекува од говорот на Нетанјаху, неговиот рекорден четврти во Конгресот на САД, во кој за разлика од претходното пбраќање пред американските пратеници ги поштеди демократите на Бајден од директни прозивки и жестоки критики.