Трамп го потпиша новиот трговски договор со Канада и Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша ревидираниот според неговите посакување трговски договор меѓу САД, Мексико и Канада, на церемонијата во Белaта куќа, оценувајќи го како „голем напредок“ за земјоделството, произведувачите и автомобилската индустрија.

„(Договорот) The USMCA е најголемиот, најправедниот, најурамнотежниот и модерен трговски договор некогаш постигнат – никогаш не постоеше ништо слично“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, поздравувајќи го завршувањето на „кошмарот околу NAFTA“, досегашниот договор меѓу трите земји во Северна Америка која на сила беше 26 години.

Договорот уште треба да го ратификува и канадскиот парламент, додека Мексико тоа веќе го стори, пренесува Reuters.

Агенцијата наведува и дека новиот договор донесува умерени промени и дека 1,2 трилиони вредниот трговски промет во Северна Америка главно ќе остане недопрен. Се предвидува дека новиот договор во следните 15 години ќе создаде 176.000 работни места во САД, но не и работните места кои се префрлени во Мексико да се вратат на американска територија.

Една од најголемите промени во новиот договр е зголемување на процентот на автомобилските делови во возилата кои мора да бидат произведени во регионот, од 62,5 отсто на 75 отсто. Најмалку 40 до 45 отсто од производството мора да се одвива во областите на „високи плати“ во кои работните примаат најмалку 16 долари на час. Целта на оваа мерка е забавувањето на преселувањето на индустријата во Мексикот каде што работната сила е поевтина. На возилата кои не ги задоволуваат овие критериуми, ќе се применуваат американските царини, се додава во извештајот на Reuters.

Со новиот договор, Канада на САД ќе им овозможи пристап на околу 3,5 отсто на пазарот на млечни производи кој се проценива на 16 милијарди долари.

За да се охрабрат мексиканските работници да основаат синдикати и да ги зголемат своите плати, со новиот договор на Канада и на САД им се овозможува да повикуваат комисии од мреѓународно експерти за работното право, за да истражат дали мексиканските фабрики ја загрозуваат слободата на работниците да се здружуваат и колективно да преговараат.

Се продолжува и заштитата на авторското право, на 70 години од смртта на авторот, во согласност со американските законо. Во Канада, на пример, авторското право досега траеше 50 години по смртта на творецот на делото.