Трамп го повика Бајден на телевизиска дебата

Доналд Трамп го предизвика Џо Бајден на телевизиска дебата, во време кога двајцата ривали се насочуваат кон реванш меч за Белата куќа по нивните резултати на „супервторникот“. Трамп вели дека ќе учествува на телевизиска дебата со демократскиот претседател „во секое време, каде било, кога било“ објавувајќи на интернет со сите големи букви.

Од организаторите на кампањата на Бајден велат дека Трамп е „жеден за внимание и се бори да ја прошири својата привлечност“. Засега не се договорени дебати пред изборите во ноември.

Предизвикот на Трамп дојде неколку часа откако неговиот последен републикански ривал Ники Хејли се откажа од трката да биде републикански кандидат за Белата куќа.

-Важно е, за доброто на нашата земја, Џо Бајден и јас да дебатираме за прашања кои се толку од витално значење за Америка и американскиот народ“, објави Трамп на својата веб-страница на социјалните мрежи „Трут Соушал“, неколку часа по заминувањето на Хејли од трката.

Тој додаде дека таквите дебати може да ги води Демократскиот национален комитет, или Комисијата за претседателски дебати, која ги надгледува претседателските дебати во последните 30 години. Поранешниот претседателрече дека дебатната комисија – која се декларира себеси како непартиска, но е обвинета од конзервативците за пристрасност – била „подружница“ на Демократската партија.

Трамп (77) постојано тврди дека Бајден (81) е премногу стар и заборавен за да дебатира со него. Бајден за возврат сугерираше дека Трамп е тој што е сенилен.