Американскиот претседател Доналд Трамп ја објави во понеделникот долго најавуваната и очекуван смена на министерот за одбрана Марк Еспер, кој ќе го замени директорот на националниот центар за борба против тероризмот, Кристофер Милер.
„Крис ќе направи СУПЕР работа! Марк Еспер е сменет. Му се заблагодарувам на соработката“, објави во твит американскиот претседател две дена откако медиуми објавија дека е поразен на претседателските избори од 3-ти ноември од демократскиот противкандидат Џо Бајден.
Односите меѓу републиканскиот претседател Трамп и 56-годишниот технократ Марк Еспер беа напнати откако челникот на Пентагон во јуни јавно се спротистави на распоредување на Националната гарда во сузбивањето на протестите кои започнаа како антиратистички но се претворија како насилства со грабежи и вандализам, судири со полицијата, па и во некои случаи и со жртви.
Оттогаш стана забележливо губењето на влијанието на Еспер и тој едноставно исчезна од политичката сцена. Повеќе не даваше интервјуа и изјави, и се придржуваше на само однапред подготвени обраќања.
Кристофер Милер станува привремен министер за одбрана најмалку до 20-ти јануари 2021 година, кога се одржува инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД. Технички тој е петтиот челник на Пентагон во времето на претседателот Доналд Трамп, по Џим Матис, Патрик Шанахан и Ричард Спенсер кој мораше накусо да ја преземе функцијата додека се чекаше Сенатот да го потврди Марк Еспер во јули 2019 година