Трамп го спореди тимот на Бајден со Гестапо

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја спореди администрацијата на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден со Гестапо, озлогласената тајна полиција на нацистичка Германија, објави денеска NBC News.

„Овие луѓе ја водат (американската) администрацијата како Гестапо. Тоа е единственото нешто што го знаат и мислат дека само така ќе победат“, рече Трамп во приватно обраќање пред донаторите во саботата вечерта во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Палм Бич во Флорида. Таму, исто така, ги нападнал обвинителите вклучени во неговите кривични обвиненија, според снимката што ја слушнале медиумски куќи во САД.

Трамп го коментираше и криминалниот процес што се води против него, оценувајќи дека тимот на Бајден верува дека само така можат да победат и да го одведат Бајден до изборна победа.

Тој повтори дека повеќекратните обвиненија против него се политички мотивирани. Штотуку го заврши 11-дневното судење за финансиско затајување, во кое е обвинет за фалсификување деловни книги за да прикрие уплата од 130.000 долари на порно ѕвезда.