Трамп го започнува мандатот со рејтинг од 47 проценти

Речиси 47 отсто од Американците го поддржуваат Доналд Трамп, кој се врати во Белата куќа vo понеделникот, што е знак за продолжената поларизација на нацијата од неговата изборна победа во ноември, ги толкува Reuters резултатите од заедничката анкета со Ipsos објавени во вторникот.

Дводневната анкета на јавното мислење, спроведена веднаш по инаугурацијата на Трамп во понеделникот, покажа дека неговата популарност е повисока отколку што беше во поголемиот дел од неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година.

Анкетата, исто така, покажа дека на Американците не им се допаѓаат некои од неговите рани потези.

Речиси 58 отсто од испитаниците рекле дека Трамп не треба да ги помилува сите осудени за упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Но Трамп го направи токму тоа, помилувајќи ги повеќето од скоро 1.600 лица обвинети за учество во опсадата и ублажувајќи ги казните за 14 наводни водачи на упадот, само неколку часа откако го започна својот мандат.

Само 29 отсто од испитаниците рекле дека го одобруваат начинот на кој Трамп се справил со перцепираната политизација на правосудниот систем.

Трамп го обвини својот претходник Џо Бајден дека ја попречува правдата прогонувајќи го за да го спречи да се врати во Белата куќа, обвинение кое Бајден го негираше. Тој исто така рече дека можеби ќе се обиде да им се одмазди на своите политички ривали преку правни средства.

Испитаниците попозитивно гледаат на пристапот на Трамп кон другите прашања. Околу 46 отсто од испитаниците рекле дека го одобруваат неговиот пристап кон имиграцијата, прашање за кое многу Американци веруваат дека треба да биде приоритет на новата администрација.

Речиси 58 отсто од испитаниците се согласиле дека САД треба „драматично да го намалат бројот на мигранти кои можат да бараат азил на границата“, сигнализирајќи ја поддршката за одлуката на Трамп да ја прекине процедурата што дозволува поднесување барања за азил на границата.

Трамп, исто така, прогласи вонредна состојба на границата со Мексико поради илегалната имиграција и презеде чекори за ограничување на доделувањето државјанство на децата родени на американско територија.

Трамп го започна својот прв мандат со поддршка од 43 отсто од граѓаните, која се искачи на 48 отсто до крајот на јануари 2017 година, за на крајот да падне на 34 отсто по упадот на Капитол, обид да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година.

Рејтингот на Трамп е низок според историските стандарди, рече Џејкоб Рубашкин, политички аналитичар во аналитичката фирма Inside Elections.

Американските претседатели обично го започнуваат својот мандат со поддршка над 50 проценти.
„Да, тоа е позитивно за Трамп, но главно е во согласност со она што го видовме во првиот мандат – историски нискиот рејтинг на одобрување на почетокот на мандатот“, рече тој.

Трамп беше поддржан од помалку од 45 отсто од граѓаните во поголемиот дел од неговиот прв мандат, приближно исто како и Бајден а во декември 2017 година.

Бајден својот мандат го започна со поддршка од 55 отсто од граѓаните, која многу брзо падна. Тој го допре дното во пресрет на ноемвриските избори кога ја уживаше поддршката од само 35 отсто од граѓаните.

Истражувањето е спроведено на 1.077 американски граѓани, а маргината на грешка е околу четири процентни поени.