Трамп го запре пристапот на Бајден до доверливи информации

Американскиот претседател Доналд Трамп објави во петокот дека го ограничува пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до доверливи информации и ги запира неговите дневни разузнавачки брифинзи, бидејќи нема потреба неговиот претходник да добива доверливи информации.

„Нема потреба Џо Бајден да продолжи да добива пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш го отповикуваме пристапот на Џо Бајден до тајните извештаи и ги прекинуваме неговите дневни брифинзи за разузнавачки теми“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Поранешните претседатели традиционално добиваат брифинзи за разузнавање дури и откако ќе ја напуштат функцијата.

Во својот пост во петокот, Трамп, исто така, рече дека Бајден го искористил своето време на функцијата за да ѝ наложи на разузнавачката заедница да го спречи Трамп да пристапи до детали за националната безбедност.

Во 2021 година, непосредно по преземањето на функцијата, Бајден изјави за телевизиската мрежа CBS News дека не верува оти Трамп треба да има пристап до разузнавачките брифинзи поради неговото „непредвидливо однесување“ и „загриженоста дека може да сподели информации„.

„Каква вредност е да му се даде разузнавачки брифинг? Какво влијание има тој воопшто, освен фактот дека може да се испушти и да каже нешто?“, изјави Бајден пред четири години зборувајќи за својот потег во однос на републиканецот.

„Тој го направи овој преседан во 2021 година кога ѝ наложи на Разузнавачката заедница да му оневозможи на 45-от претседател на Соединетите држави (јас!) пристап до информациите за националната безбедност што вообичаено им се доделуваат на поранешните претседатели. Извештајот на Хур покажа дека Бајден има ‘лоша меморија’ и дури и во ‘најдоброто време’ не можело да му се доверат доверливи информации… Секогаш ќе ја штитам нашата национална безбедност. Џо, ти си отпуштен. ‘Да ја направиме Америка повторно голема’“, напиша рече Трамп.

Во објавата на Truth Social, Трамп всушност  се повика на извештајот на  специјалниот советник на Министерството за правда, Роберт Хур кој минатата година го опиша Бајден  како „добронамерен, постар човек со слаба меморија“. Бајден тогаш твредеше дека неговата меморија е добра. Reuters во петокот контактираше со претставник на Бајден за коментар.

 

Извештајот на Хур се однесуваше, инаку на неговата одлука да не поднесе кривична пријава по 15-месечната истрага за ракувањето со доверливи документи од страна на Бајден, бидејќи тогашниот претседател „соработувал“. Тој  тогаш додаде дека би било тешко да се осуди Бајден и го опиша како „добродушен, постар човек со лоша меморија“.

Американскиот претседател Џо Бајден постапил погрешно кога со себе земал доверливи документи за американската војна во Авганистан и други прашања за националната безбедност кога ја напушти потпретседателската функција во 2017 година, но нема да се соочи со обвиненија, беше наведено во извештајот на специјалниот обвинител.

Документите вклучуваат рачно напишано писмо од 2009 година до тогашниот претседател Барак Обама во кое се изразува спротивставување на планираното зголемување на војниците во Авганистан, како и рачно напишани белешки за разузнавачките брифинзи и состаноците за национална безбедност, откри специјалниот обвинител Роберт Хур во извештајот.

Бајден му рекол на својот мемоарист за време на разговор во февруари 2017 година во изнајмена куќа во Вирџинија дека „штотуку ги нашол сите доверливи работи долу“, се вели во извештајот, во кој се тврди дека разговорот би бил најдобриот доказ за импичмент на претседателот.

Но, Хур тогаш посочи неколку причини зошто не го сторил тоа, вклучувајќи го и фактот дека Бајден можеби ги одзел документите додека сè уште бил потпретседател и сè уште имал овластување да ги чува таквите документи. Меѓутоа, според некои американските медиуми од таа позиција Бајден немал ниту право да има достап до таквите документи.

Законот од 1978 година ги обврзува и американските претседател и потпретседатели целата документација, писма, работни документи и електронски писма, по завршувањето на мандатот да ги предадат во Националниот архив на САД. Незаконски е свесно или намерно да се отстранат или да се задржат доверливите материјали.

Специјалниот обвинител именуван од министерстот за правосудство кој го именува претседателот, рече дека Бајден немало да биде обвинет дури и да немало долгогодишна политика на Министерството за правда, кое не покренува обвиненија против претседателот кој е на власт. Извештајот на Хур и неговата одлука да не подигне обвиненија тогаш предизвикаа обвинувања за двојни стандарди од републиканците и сегашниот претседател Трамп против кого беше тогаш поведена постапка за наводно незаконско поседување доверливи документи која сѐ уште трае.