Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во средата го потврди своето зголемено влијание во Републиканската партија истиснувајќи ја Лиз Чејни, со којашто има непомирливи разлики, од партискиот врв.
Чејни, којашто се профилираше како конзервативна челничка, „нема никаква способност и ништо добро не стори за нашата политика и нашата земја“, коментираше Трамп.
Со усмено гласање зад затворени врати завршено за само неколку минути, 212 републиканци во Претставничкиот дом на Конгресот ја сменија Чејни од позицијата на трета републиканка во парламентарната група.
„Немаш многу гласови кои би ја поддржале“, изјави за новинарите републиканскиот пратеник од сојузната држава Флорида, Бајрон Донадс, кој гласал за нејзиното разрешување.
„Ќе сторам сѐ што е во мојата моќ за поранешниот претседател повеќе никогаш да не стамне во Овалната канцеларија“, реагираше огорчената Лиз Чејни веднаш по гласањето.
„На земјата ѝ е потребна силна Републиканска партија која се темели на главните принципи на родољубието и ветувам дека ќе сторам сѐ за партијата да оди во таа насока“, истакна ќерката на поранешниот американски потпретседател Дик Чејни.
Лиз Чејни му се забележа на Доналд Трамп поради тоа што неуморно го критикуваше за „неговата голема лага“ кога тврди дека на минатогодишните ноемвриски претседателски избори му се украдени во полза на демократскиот противкандидат Џо Бајден и затоа што го обвинуваше дека наводно ги поттикнувал своите приврзаници на насилствата и упадот во Капитол.
Чејни, како и девет други републиканци од долниот дом на Конгресот, гласаа за отповикување на Трамп на 13-ти јануари под обнивувања за бунтот на Капитол една седмица претходно, чија цел беше иако веќе му изминуваше за седум дена мандатот со преседан да му се забрани натамошно учество во политиката во САД. Другите 197 републикански пратеници тогаш гласа против.
Педедесет и четиригодишната Лиз Чејни, ќерка на поранешниот републикански потпретседател Дик Чекни, беше во републиканската администрајција до првата победа на изборите за Конгресот во 2016 година.