
Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп не ги бира зборовите против неговата противкандидатка во трката за претседател на САД.
Трамп ја осуди надворешната политика на САД во времето додека Хилари Клинтон, неговата актуелна ривалка во претседателската трка, беше државен секретар и наведе дека таа треба да биде призната за „основач на Исламска држава“.
Тој изјави дека верува дека американскиот претседател Барак Обама зажалил што Хилари Клинтон ја избрал на таа функција.
Во обраќање на собир во градот Дејтона Бич, на Флорида, Трамп ја критикуваше и политиката на Хилари Клинтон кон Блискиот исток бидејќи таа, како што тврди, доведе до создавање на Исламска држава.
Тоа е заради неа. Треба да добие награда на Исламска држава како нивен основач, порача Трамп, а пренесоа американските медиуми.