– Подготвени сме да одржуваме контакти со САД за ова прашање, изјави Кси Џинпинг во разговорот со Трамп.
Трамп вчера изјави дека е подготвен да го реши проблемот „и без Кина“, потсетуваат француските медиуми.
Во разговорот со Трамп кинескиот претседател, исто така, изјави дека Пекинг се залага за политички пат и мирни преговори за надминување на сириската криза.
– Сплотеноста на Советот за безбедност на ОН е многу важна во решавањето на сирискиот проблем, сметаме на сплотеноста на Советот за ова прашање, подвлече Кси Џинпинг, цитиран од ТАСС.