Трамп и Хејли одат на Јужна Каролина

Републиканците Доналд Трамп и Ники Хејли во средата се фокусираа на Јужна Каролина, сојузнаа држава каде што за еден месец ќе се одржат републиканските претседателски прелиминарни избори, откако поранешниот претседател победи во Њу Хемпшир, но допрва треба да го елиминира својот ривал.

Сеудмдесет иседумгодшниот Трамп се надева дека ќе ја победи 52-годишната Хејли во нејзината родна држава, а таа се надева на подобар резулат од очекуваниот потсетувајќи ги гласачите за нејзините достигнувања како гувернер на државата од 2011 до 2017 година. Хејли во наредните денови ќе одржи три предизборни митинзи во Јужна Каролина.

Нејзината кампања објави две нови огласи, од кои едната го критикува претседателот 81-годишниот Џо Бајден како „премногу стар“ и Трамп како „премногу хаотичен“ и вели дека никој не сака да се повторат изборите од 2020 година. Поранешната гувернерка вели дека отворила илјадници работни места, ги намалила даноците и заострила законите за имиграцијата.

Изборните правила на Јужна Каролина, кои не бараат од гласачите да бидат регистрирани републиканци за да гласаат на прелиминарните избори, би можеле да ѝ одат во полза. Меѓутоа, тоа не се покажа како нејзина предност на предизборите во Њу Хемпшир, каде што, исто така, на републиканските предизбори можеа да гласаа и демократите и партиски неопределените гласачи коишто отворено ја поддржуваат во трката против Трамп.

Таа очекува добар резултат и во Мичиген, каде што се одржуваат прелиминарните избори само неколку дена по Јужна Каролина, изјави стратегот на нејзината кампања Марк Харис.

Републиканците главно се обединија околу Трамп, притискајќи ја Хејли да се повлече од трката. Трамп ја доби поддршката од повеќето водечки републиканци во Јужна Каролина и анкетите покажуваат дека е во сигурно водство.