Трамп и Камерон разговараа на Флорида за трошоците на членките на НАТО за одбраната

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и британскиот министер за надворешни работи а поранешен премиер, Дејвид Камерон во вечерале во понеделникот по локално време на имотот на републиканскиот претседателски кандидат на Флорида и разговараа за „потребата земјите од НАТО да ги исполнат своите обврски за трошоците за одбрана“, соопшти во вторникот кампањата на Трамп.

Со таа средба започна и посетата на Камерон на САД. Тој, исто така, ќе се сретне со државниот секретар Ентони Блинкен во Вашингтон и ќе изврши притисок врз Конгресот да го донесе пакетот нова воеан помош за Украина.

Трамп и Камерон разговараа на вечерата во имотот на Трамп во Мар-а-Лаго за „претстојните избори во САД и Обединетото Кралство, политичките прашања поврзани со Брегзит, потребата членките на НАТО да ги исполнат своите обврски за трошоците за одбраната и за ставање крај на убивањето Украина“, соопштија од кампањата на Трамп.

Трамп често критикуваше многу од членките на НАТО дека не трошат најмалку два отсто од својот бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, според договорот на Алијансата уште пред почетокот на неговиот мандат во Белата куќа и дека се потпираат само на вложувањата на САД. Тоа ја зголеми загриженоста во Европа за иднината на трансатлантската воена алијанса доколку Трамп го победи актуелниот претседател Џо Бајден на изборите во ноември.

Во февруари, Трамп привлече жестоки критики од западните функционери затоа што сугерираше дека САД нема да ги заштитат земјите кои не успеале да ги исполнат целите за одбранбени трошоци на НАТО, па дури и ќе ја охрабрат Русија да ги нападне.

Европските челници им се обраќаат на американските законодавци, претприемачи и тинк-тенкови за да влијаат на кампањата на Трамп во врска со трошоците за одбрана, улогата на Европа во односите меѓу САД и Кина и помошта за Украина.

Портпаролот на британското Министерство за надворешни работи во понеделникот рече дека средбата меѓу Камерон и Трамп е дел од „рутинскиот меѓународен ангажман“ и ја опиша како „стандардна практика министрите да се среќаваат со опозициските кандидати“.

Камерон претходно изјави дека во Вашингтон ќе се сретне со претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, за да побара од долниот дом на американскиот Конгрес да го усвои со месеци одложениот пакет воена помош за Украина од 60 милијарди долари. Републиканците го условуваат споменатиот пакет, кој вклучува и воена помош за Израел и Тајва, со издввојувања за зајакнување на американската граница кон Мексико којашто изминатите години ја минаа милиони илегални мигранти.