![hari i markl](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/hari-i-markl.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Британската премеирка Тереза Меј не е повикана на венчавката на принцот Хари и американската актерка Меган Маркл на 19-ти мај, изјавиле во вторникот извори од британската влада, кои потврдиле дека не е поканет ниту американскиот претседател Доналд Трамп.
Гости на венчавката ќе бидат луѓе кои директно се поврзани со едниот или другиот.
„Одлучено е дека службената листа на политичките челници, британските и меѓународните, не е потребна за венчавката на принцот Хари и Меган Маркле. Владата на Нејзиното Височество беше консултирана во врска со таа одлука, којашто ја донесе кралското семејство“, изјавил за Reuters портпаролот на принцот Хари.
Владин извор рекол дека капелата на свети Џорџ во дворецот Виндзор е многу помала од Вестминстерската опатија каде што во 2011 година се венчаа принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во присуство на многубројни шефови на влада и држави. Кабинетот на премиерката Тереза Меј ниту очекувал дека таа ќе биде поканета, додал.
На прашање на AFP, портпаролот на Кинсингтонската палата, официјалната резиденција на принцот го дала идентичниот одговор.
Меѓу поканетите не се ниту американскиот претседател Доналд Трамп, ниту неговиот претходник Барак Обама. Се нагаѓаше дека Обама би можел да биде поканет, бидејќи е лично поврзан со принцот Хари, но тогаш би било дипломатски непријатно да не биде повикан Трамп, пишува The Telegraph.
Поранешниот премиер Дејвид Камерон беше поканет на венчавката на братот на Хари, принцот Вилијам, кој е во по редот на наследување на тронот по нивниот татко, принцот Чарлс. Местото на Хари по наследноста ја прави оваа свадба помалку значајна. Хари е во петтата линија на наследност на тронот, а ќе се најде на шестото.
Кенсингтонската палата исто времено во вторникот објави дека 2.640 гости се поканети на венчавката во замокот Виндзор, каде што двојката ќе се венча во малата капела. Од нив, 1.200 се избрани меѓу кралските службеници од целата земја, а остатокот се јавни личности.
Меѓу поканетите е и 30-годишниот Филип Гилеспи, воен ветеран кој ја загубил својата десна нога во експлозија во Авганистан и учествувал во игрите Инвиктус за ранетите војници, кои ги воспостави принцот Хари.
Меѓу гостите ќе биде и 34-годишната Рози Гиндај, основачот на „Мис Макарон“, добротворна организација која обезбедува кулинарска обука и можност за вработување на млади отфрлени луѓе во Бирмингем.
Дванаесетгодишната Амелија Томпсон, која настрада во минатогодишниот терористички напад во Манчестер во кој беа убиени 23 луѓе и ранети уште стотица други, исто така, е на списокот на гостите за кралската венчавка.
Поканетите ќе можат да присуствуваат на пристигнувањето на невестата и младоженецот и нивните гости на свадбената свеченост во капелата и заминувањето на поворката од замокот по службата.