![tramp i netanjahu vo davos](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/tramp-i-netanjahu-vo-davos.jpg?resize=650%2C366&ssl=1)
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Иран и други прашања, соопшти Белата куќа.
– Лидерите разговараа за заканата што ја претставува Иран, како и за други критични билатерални и регионални прашања, се вели во соопштението.
Односите меѓу Иран и САД се влошуваат од минатата година кога Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор на Техеран со светските сили од 2015 година и воведе санкции против земјата.