Претседателите на Соединетите Американски Држави и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се состанат на 16. јули во Хелсинки, главниот град на Финска, соопшти денеска Белата куќа.
Оттаму посочуваат дека двајцата лидери ќе разговараат за односите меѓу САД и Русија, но и за низа други прашања од доменот на националната безбедност.
-Темите ќе бидат Сирија, Украина, но и наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД, кажал Трамп.