Трамп и соработниците се заразиле со коронавирус откако Белата куќа прекршила 4 правила

Како американскиот претседател Доналд Трамп и повеќето луѓе од неговата администрација се заразиле со коронавирус е прашање на кое целиот свет му е нејасно изминативе денови.

Новата анализа на Би-Би-Си прикажува дека Белата куќа прекршила 4 клучни правила во спречувањето на ширење на вирусот во неа.

Би-Би-Си ги следеле мерките и препораките на Центарот за контрола и превенција од болести и начинот на кој ги следела Белата куќа.

Носење маски

Едно од основните правила за кои половина година се зборува во јавноста е носењето заштитни маски, особено во јавност, односно во близина на други луѓе. Ова е воено и прво правило кое не го испочитувала Белата куќа и администрацијата на Трамп. Американскиот претседател беше критикуван повеќе пати поради непочитување на правилото за носење на маска, а на еден свечен настан во Белата куќа никој од присутните не носеше маска.

Физичка дистанца

Од CDC истакнуваат дека организаторите на настани мора да им овозможат на гостите дистанца од 2 метри, како собирањата да бидат во отворен простор. Белата куќа го прекрши ова прави и одржуваше настани внатре во Белата куќа.

Самоизолација

Доколку сте позитивни на коронавирусот, препорака од сите епидемиолози во светот е дра седите во самоизолација и да се одвоите од другите луѓе. Спак, тоа правило не важи за Трамп. Додека беше на лекување во болница, тој ја напушти својата болничка соба за да се повизи.Со овој потег на ризик изложи 10 лица кои работат со него.

Следење контакти

Луѓето кои се заразени мора да информираат за сите оние со кои биле во близок контакт за на време да се спречи ширењето на вирусот. Никој од Белата куќа не ги информирал лицата со кои заразените луѓе од администрацијата на Трамп биле во контакт да седат во самоизолација.