Трамп и Зеленски се сретнаа во Њујорк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот во Њујорк се сретна со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Состанокот во „Кулата Трамп“ се случи во заднината на загриженоста на Киев дека околу Трамп победи на претседателските избори на 5 ноември, може да ја намали американската воена помош за Украина.

Зборувајќи за војната во Украина, Трамп рече: „Тоа мора да престане во одреден момент. Мора да престане“. „;инува низ пеколот“, рече тој за Зеленски. „Неговата земја минува низ пекол“.

„Мислам дека се согласуваме дека војната во Украина мора да престане и дека (рускиот претседател Владимир) Путин не смее да победи“, им изјави Зеленски на новинарите.

Трамп на прес-конференција во четвртокот вечерта рече дека Зеленски побарал средба.

Последен пат се сретнаа непосредно пред околу пет години, пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Трамп ја критикува големата финансиска и воена поддршка на САД на Украина. Тој често повторува дека ако победи на изборите, војната брзо ќе заврши. Но, тој никогаш не кажа како мисли да го направи тоа.

Во средата Зеленски се обрати на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Во четвртокот, тој се состана со претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа. Харис, демократскиот претседателски кандидат, вети „непоколеблива“ поддршка за Украина во нејзината војна против Русија.