Младите Американци се толку незадоволни од предложениот избор на претстојните претседателски избори, што приближно еден на секои четиримина, во едно социолошко истражување, одговорил дека подобро огормен метеор да ја уништи Земјата, отколку да ги види Хилари Клинтон или Доналд Трамп во Белата куќа, пишува новинската агенција „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.
Прашањето, кое е со блага иронија, е поставено со цел да се измери нивото на незадоволство меѓу младите Американци во однос на изборот на 8 ноември, годинава, вели Џошуа Дик, директор на Центарот за општествено мнение при Универзитетот во Масачусетс, кој истражувањето го спровел заедно со „Одисеј Милениалс“.
Изборът има предвид хаштага “#GiantMeteor2016” в „Туитър“, визиращ измислен кандидат за президент и използван за изразяване на недоволството от предлагания избор на тазгодишния вот.
Близу 53 отсто од 1.247 испитаници на возраст од 18 до 35 години, одговориле дека претпочитаат да видат метеор како го уништува светот, отколку богатиот од сферата на недвижностите во Њујорк, републиканецот Доналд Трамп да го видат во Белата куќа.
Во истовреме околу 34 отсто претпочитаат уништување на планетата отколку поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон да победи во претседателската трка во САД.
Окколу 39 отсто рекле дека би претпочитале претседателот на САД, Барак Обама, да се прогласи за доживотен претседател отколку да ја предаде власта во рацете на Клинтон или на Трамп, додека околу 26 отсто се изјасниле дека подобро за нацијата ќе биде ако следниот претседател го избере по пат на лотарија.
Околу 23 отсто од испитаниците, пак, што претставува близу еден од четворица, би се изјасниле за варијантата огромен метеор наместо Трамп или Клинтон.
Очигледно е дека ние сметаме оти тие не се сериозни. Фактот дека еден од четворица млади избираат „Огромен метеор“, ни кажува нешто за политичкото непријателство покажано од младите Американци, рекол Дик во телефонско интервју.
Сепак, ова е во голема спротивност со избирачката активност на младите американски гласачи, кои значително помогнаа во изборот на Барак Обама за претседател на САД во 2008 година.
Замолени да одберат меѓу реалните кандидати, Клинтон речиси двојно повоќе добива поддршка отколку Трамп. Околу 54 отсто се изјасниле позитивно за поранешниот државен секретар, наспроти 21 отсто за кралот на недвижностите во Њујорк.
Во анкетата на национално ниво, пак, Клинтон повторно води пред Трамп, но не се толкава голема разлика.
Истражувањето било спроведено во период од 10 до 13 октомври, годинава, и според анализа направена за анкетата, најголем дел од испитаниците се оценети како лица кои воопшто нема да гласаат, а помал дел се опишани како веројатни гласачи.