Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во моментов има поддршка од 61 отсто меѓу гласачите на Републиканската партија, додека неговиот главен ривал во партијата Рон Десантис има поддршка од 23 процнети, покажа најновата анкета на CBSNews.
Сенаторот од Јужна Каролина, Тим Скот, и поранешниот потпретседател Мајк Пенс добија по 4 отсто поддршка додека дипломатката Ники Хејли има 3 процентна подфршка.
Во анкетата учествувале 1,798 испитаници и е направена во периодот од 9-ти и 10-ти јуни, веднаш откако беше подигнато најновото сојузно обвинение против Доналд Трамп, поади наводно незаконско задржување на доверливи материјали и по престанокот на претседателската должност.
На прашањето што би се случило доколку Трамп биде осуден, 80 отсто од испитаниците одговориле дека и покрај тоа, тој би требало да стане претседател, а потоа и самиот себеси да се помилува.
Според документите што ги обелодени сојузниот суд, Трамп се соочува со 37 точки од обвинение вклучувајќи недозволено држење на доверливи документи и заговор за опструкција на правдата.
Трамп изјави дека дури и ако биде осуден, тој нема да се повлече од претседателската трка, што му го овозможува американскиот закон.