Републиканскиот претседателски кандидат и поранешниот американски претсеател Доналд Трамп беше информиран од разузнавачките агенции за наводните ирански закани за атентат, соопшти неговата кампања.
Трамп е „информиран од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање за реалните и конкретни закани од Иран дека ќе биде убиен во обид да се дестабилизира и да сее хаос во САД“, се вели во соопштението на кампањата.
Кампањата соопшти дека разузнавачките претставници идентификувале дека иранските закани „се зголемиле во текот на изминатите неколку месеци“ и дека претставниците на американската влада работат на заштита на Трамп и гарантирање дека тоа нема да влијае на изборите.
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека има „големи закани“ по неговиот живот од Иран, додавајќи дека тие не успеале, но дека „ќе се обидат повторно“.
Иран претходно ги отфрли американските тврдења за мешање во американските работи.
Постојаната мисија на Иран во Обединетите нации во Њујорк не одговорила на барањето на Reuters за коментар доцна ноќта во вторникот.
Претходно овој месец, Пакистанец со наводни врски со Иран се изјасни за невин по обвиненијата кои произлегуваат од наводниот заговор за атентат врз американски политичар како одмазда за американското убиство на иранскиот воен командант Касем Солејмани кон крајо на 2020 година со беспилотно летало на меѓународниот аеродром во ирачката престолнина Багдад.
Обвинетиот го навел Трамп како потенцијална цел, но рече дека целата шема не била дизајнирана да го убие поранешниот претседател, според лице запознаено со ова прашање.
Федералните власти одделно го истражуваат обидот за атентат врз Трамп на неговиот терен за голф на Флорида во средината на септември и пукањето на републиканскиот претседателски кандидат на митинг во Пенсилванија на 13 јули. Тогаш несфатливо малд снајперист успеа и покрај алармирањето на граѓаните до Тајната служба и мноштвото федерални агенти вооружен да се качи на покрив на зграда на стотина метри од бината од која се обраќаше Трамп и непречено да истрела неколку кушруми кои полесно го ранија републиканецот но беа убиени двајца негови поддржувачи во публиката, по што веднаш беше ликвидиран од Тајната служба. Нема индиции за иранска вмешаност во ништо од ова.
Маж осомничен дека употребил пушка за да му се заканува на теренот за голф на Доналд Трамп во Флорида, во вторникот беше обвинет за обид за убиство. Обвинетиот Реј Роут, дегистриран донатор на Демократската партија, престојувал во Украина и организирал испрачање воени ветерани на украинскиот фронт, додека демократските противници на Трамп го обвинуваат дека доколку победи ќе ја укине воената помош за Украина во војната против Русија.
Во август, САД го обвинија Иран дека започнал сајбер операции против кампањите на двајцата претседателски кандидати на САД. Иран ги отфрли обвинувањата.