
САД испратиле листа од 11 прашања до европските влади кои треба да дадат одговори пред Вашингтон да влезе во мировни преговори со Русија, објавува агенцијата Ројтерс.
Прашањата се поделени во 6 категории и од нив зависи како САД ќе го водат преговорите со Русија:
1. Што гледате како безбедносна гаранција или гаранција поддржана од Европа, која би послужила како доволна одвраќање за Русија, истовремено обезбедувајќи дека овој конфликт ќе заврши со трајно мирно решение?
2. Кои европски и/или трети земји мислите дека би можеле или би учествувале во таков аранжман?
Дали има некои земји за кои верувате дека би биле незаменливи?
Дали вашата земја би била подготвена да распореди свои војници во Украина како дел од мировното решение?
3. Ако воените сили на трета земја би биле распоредени во Украина како дел од мировниот договор, која би ја сметале за потребната големина на такви сили предводени од Европа?
Како и каде би биле распоредени овие сили и колку долго?
4. Какви активности треба да бидат подготвени да преземат сојузниците и партнерите на САД доколку Русија ги нападне овие сили?
5. Кои, доколку ги има, барањата за поддршка на САД би ги сметала за неопходни вашата влада за нејзиното учество во овие безбедносни аранжмани?
Поточно, кои краткорочни и долгорочни ресурси мислите дека ќе бидат потребни од САД?
6. Кои дополнителни способности, опрема и опции за одржување е подготвена да ги обезбеди вашата влада на Украина за да ја подобри својата преговарачка рамка и да го зголеми притисокот врз Русија?
Што повеќе е подготвена да направи вашата влада за да ги зголеми своите санкции кон Русија, вклучително и построго спроведување на санкциите и подобро таргетирање на трети земји што ѝ овозможуваат на Русија на глобално ниво?
Според поставените прашањата може да се претпостави дека ако членките на ЕУ се подготвени за голема војна со Русија и дадат доволно ресурси Трамп ќе води тврди преговори со Русија.
Ако пак одговорите се во правец Дака таква војна би ја водела Америка доминантно сама тогаш може да се очекува дека Трамп ќе биде помек во преговорите со Русија.