Трамп ја притиска Јапонија поради трговската нерамнотежа

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи во понеделникот со притисокот на јапонскиот премиер Шинзо Абе да се израмни трговската нерамнотежа со САД и изрази доверба, и покрај јапонската претпазливост, дека од Северна Кореја моќе да дојдат „добри работи“.

Американскиот претседател престојува во четиридневна посета на Јапонија за да го демонстрира сојузништвото меѓу двете земји, но посетата е засенета со трговските тензии. Трамл директно ги поврза трговијата и безбедноста, што го отфрла Токио, кој своето сојузништво со Вашингтон се темели на одбранбената политика.

„Тоа е работа на трговската нерамнотежа. Кога зборувам за безбедностана закана, зборувам за трговската нерамнотежа. За да имате 716 милијарди долари годишно за воени трошоци, мораме да добиваме многи пари“, рече Трамп и додаде дека Јапонија купила американска воена опрема за „големи суми“.

Трамо во неделата на твит напиша дека очекува дека големите придвижувања на трговски план ќе почетаат до изборите за горниот дом на јапонскиот парламент.

„Трговски мудри, мислам дека најавивме некои работи, можеби за јули, ќе биде тоа добро за двете земји. Ќе имаме трговски рамнотеќа, мислам која раподно се поправа“,. Напиша Трамп.

Абе, кој разви блиски односи со Трамп откако вториот ја презема претседателската должнсот, ја истакан блиската поврзаност.

„Решителен сум да ја покажам и дома и во странство многу силната врска“, рече за сојузништвото во јапонскиот нов период Реива, кој започна на 1-вимај кога царот Нарухито го презема престолот.

Нарухито и неговата сопруга која образованието го стекнала на Харвард, го дочекаа Трамп во царската палата во Токио на официјална свеченост која директно беше пренесувана на телевизиите.