Американскиот претседател Донадл Трамп ја распушти во средата претседателската комисија задолжена да ги разгледа наводите за изборна измама во текот на изборите во ноември 2016 година, откако многу сојузни држави одбиле да ги дадат податоците, соопшти Белата куќа.
„Наместо а се впуштаме во бескрајни правни битки на сметка на даночните обврзници, денеска го потпишав извршниот указ со кој ја распуштам комисијата и барам од министерството за внатрешна безбедност да ги преиспита овие прашања и да одреди натамошни активности“, се наведува во соопштението на американскиот претседател Доналд Трамп.
Комисијата, со којашто претседаваше потпретседателот Мајк Пенс, беше формирана во мај 2017 година со цел да ги разгледа наводите за изборна измама, но наиде на отпор на многу сојузни држави.
Сојузен судија од Вашингтон напомна ланскиот ноември дека комисијата е советодавно тело коешто нема законски овластувања да ги принуди сојузните држави да ги предадат податоците.
Републиканскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека измамата би можела да објасни тоа што загубил во бројот на избирачите во полза на демократската противкандидатка Хилари Клинтон речиси 3 милиони гласови.
По вложените жалби од демократите на Клинтон и некои од независните кандидати во одредени сојузни држави при повторно пребројување на гласовите се покажаа дека имало извесни недостатоци, а Трамп предупредуваше на милиони гласови на лица со престој во САД кои не би требало да гласаат, а неговиот штаб на изборниот ден вложи неколку жалби. Сепак, повеќето функционери во сојузните држави кои ги надгледуваат изборите и изборни експерти тврдат дека изборната измама е реткост во САД.