Трамп ја смени министерката за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен

Американската министерка за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен заминува од својата должност, а ќе ја замени Кевин Мекалинан, актуелен повереник за царина и гранична заштита на САД, објави во неделата американскиот претседател Доналд Трамп.

На Twitter американскиот претседател извести дека „министерката за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен ќе ја напушти својата позиција, а јас ѝ се заблагодарувам на службата“. Висок извор од администрацијата потврди дека Нилсен поднела оставка на барање на претседателот Доналд Трамп.

Администрацијата на Трамп спроведува обновување на одделот одговорен за миграциските политики, а Нилсен беше на местото на челната личност за внатрешна безбедност од декември 2017 година. Нејзиниот ресор за спроведување некои од најспорните политики на Трамп, со кои се прави обид да се намали бројот на имигрантите од Мексико и од земјите од Централна Америка кои влегуваат во САД без соодветна документација.

Честопати подложена на острите преиспитувања од претениците на Демократската партија во Конгресот, Нилсен го надлгедуваше спроведување на плановите на Трамп, како што се градењето на ѕидот на границата со Мексико и одвојување на децата на илегалните имигранти од нивните семејства.

Претседателот на демократскиот Комитет за татковинска безбедност на Претставничкиот дом, Бени Томпсон, изјави дека мандаот на Нилсен на чело на Министерството за внатрешна безбедност „од почетокот беше катастрофа“. Но таа не би требало да послужи како жртвен јарец за „ужасната и свирепат политика на Трамп“, порача Томпсон. Напомнувајќи дека внатрешната безбедност сега нема ниту министер, ниту заменик, ја повика владата во добра волја да работи со Конгресот за земјата да биде сигурна.

Трамп, пак, е истраен во тврдењето дека преминувањето на имигрантите преку јужната американска граница ја загрозува националната безбедност, и оттаму би требало итно да биде спречен. Неодаман се закани дека ќе ја затвори границата или делови од неа, доколку Конгресот не ги промени законите кои овоможуваат „имиграциски дупки“.