Трамп ја зголемува на 25 отсто царината за увоз од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп го интензивира притисокот врз Кина, обидувајќи се да добие трговски отстапки, предлагајќи 25 отсто повисока царина за увоз од Кина во вредност од 200 милијарди долари,соопшти неговата администрација.

Американскиот претставник за трговија посочи дека Трамп наредил зголемување на претходно предложените 10 проценти, бидејќи Кина одбила да ги исполни барањата на САД и откако земјата воведе царини против САД.

Зголемувањето на можната дополнителна царинска стапка треба да и обезбеди на администрацијата дополнителни можности за да ја охрабри Кина да ги промени штетните политики и однесување. Како и да усвои политики што ќе доведат до поправеден пазар и просперитет за сите наши граѓани”, стои во соопштението на американскиот претставник за трговија.