![133591518](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/133591518-4.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Трамп планира да ја донира својата плата во износ од 400.000 долари и на медиумите ќе им дозволи да одлучат каде да заминат овие пари, рече портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.
Иако тоа предизвика смеа меѓу новинарите, Спајсер рече дека барањето е сериозно, пренесуваат американските медиуми.
Начинот да го избегнеме преиспитувањето е на медиумите да им дозволиме да одлучат каде парите ќе заминат, рече Спајсер.
Подарувањето на платата во добротворни цели беше едно од ветувањата на Трамп во изборната кампања, потсети Спајсер.