Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за план за забрана на влез на мигранти во САД преку границата со Мексико, а исто така и да им го скрати правото на азил, пренесува „Вашингтон Пост“.
За караванот на мигранти од Средна Америка кои патуваат низ Мексико кон САД, Белата куќа размислува дали да им ја затвори границата и да им ја скрати можноста за барање на азил, наведува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани официјални лица.
Трамп објави дека ќе испрати воени трупи на американско-мексиканската граница, додека мигрантите од караваните од Централна Америка го продолжуваат патувањето низ Мексико.
„Јас ќе ја искористам армијата за оваа национална итна ситуација. Тие ќе бидат запрени“, напиша американскиот претседател на својот Твитер профил, мислејќи на мигрантите.