Трамп: Кина повлекува војска кон границата со Хонг Конг

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина ги придвижува трупите кон границата со Хонг Конг, каде веќе 10-та недела се одвиваат антивладините протести, и каде денеска дојде судир меѓу полицијата и демонстрантите на меѓународниот аеродром.

„Нашата разузнавачка служба нè информираше дека кинеската влада ги придвижува трупите на границата со Хонг Конг. Секој треба да биде мирен и безбеден!“ порача Трамп на Твитер.