Трамп: Коен изговори само едно вистиното тврдење – дека немаше договор со Москва

Мајк Коен

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше во четвртокот својот поранешен адвокат Мајкл Коен поради неговото сведочење пред Конгресот, но и го подали поради „единствената вистина“ дека претседателската кампања на Трамп во 2016 година не била во договор со Русија.

На прес-конференцијата во Виетнам каде што ги прекина преговорите со севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот го коментираше сослушувањето на неговиот поранешен личен адвокат Мајкл Коен пред американските пратеници, за коешто рече дека било лажно, а смета дека и не требалод да биде одржано додека тој беше на самитот во Виетнам.

„Многу лажеше. Во една работа не лажеше, а тоа е дека ‘немаше дослух’“ со Москва, рече американскиот претседател.

Педесет и двегодишниот Коен на сослушувањето во Конгресот во средата го нападна својот поранешен клиент, нарекувајќи го „измамник“ кој однапред занел за објавувањето на украдената електронска пошта на Демократската партија, меѓу кои и на Хилари Клинтон, неговата противкандидатка на изборите во ноември 2016 година.

Времето за сослушување пред Конгресот не било добро избрано, оцени Трамп кој во средата беше на долго подготвуваниот и долго очекуваниот самит со Ким во Ханој. Сослушувањето можеше да биде одложено за неколку дена, оцени американскиот претседател, кој истрагата за наводниот договор меѓу неговата претседателска кампања и Русија ја нарекува „лов на вештерки“.

Коен беше еден од најблиските соработници на Трамп повеќе од една деценија, но минатата година се сврти против него и сега соработува со обвинтиели откако ја призна вината за даночни и банкарски измано и кршење на законот за финансирање на кампањата. Коен предаде документи за да ги поткрепи своите тврдења дека наводно Трамп му наредил да исплати 130.000 долари на порноактерката Сторми Даниелс, како и дека му рекол за тоа да ја лаже првата дама Меланија Трамп.

За претседателот најголеми лаги и наштетни делови од сведочењето на Коен се тврдењата дека наводно однапред знаел за украдената електорнска пошта на демократите и на Клинто во рацете на разобличувачкиот ресурс WikiLeaks, за договарање на кулата „ Trump Tower“ во Москва во текот на 2015 година и директната вклученост во надоместокот од адвокатот за плаќања со кои купил молчење.