Во светот на спортот Леброн Џејмс е „крал“, но според сфаќањето на американскиот претседател Доналд Трамп,станува збор за човек со недостаток на интелигенција, открива „„твитот“ со кој Трамп одговори на обвиненијата од кошаркарот дека предизвикува расни поделби.
„Кралот“ во неколку наврати јавно го критикуваше претседателот на САД и неговата работа, последен пат тоа го стори пред неколку дена кога отвори училиште за проблематични и сиромашни деца во својот роден град Ејкрон.
Леброн Џејмс истакна дека Доналд Трамп е личност која го дели народот, додека пак спротот секогаш ги обединува луѓето.
Претседателот на САД очигледно не сака повеќе да молчи па за прв пат јавно „удри“ по НБА ѕвездата и на Твитер ја исмеваше неговата интелегенција, а во исто време и порача дека тој го одбира Мајкл Џордан кога е во прашање дебатата за тоа кој е најдобар кошаркар на сите времиња.
Леброн Џејмс беше интервјуиран од најглупавиот човек на телевизија, Дон Лемон (водител на ЦНН). Тој направи Леброн да изгледа паметно, што воопшто не е лесно да се направи. Мене ми се допаѓа Мајк,напиша Доналд Трамп на Твитер и предизвика голема дебата на социјалните мрежи.