Трамп: Матис ќе остане на својата должност

© AFP 2017 / Brendan Smialowski

Американскиот претседател Доналд Трамо изјави дека министерот за одбрана Џејмс Матис ќе остане на својата должност, ден откако во медиумите се појавија фрагменти од книга која треба да излезе подоцна седмицава а во кои се наведува дека шефот на Пентагон наводно му се потсмевал на шефот на државата.

На новинарско прашање во Овалната канцеларија на Белата куќа во средата вечерта по средноевропско време, претседателот Доналд Трамп кусо рекол „Тој ќе остане. Многу сме задоволни од него. Постигнавме многу победи“,

Во книгата на истражувачкиот новинар Боб Вудворд „Страв: Трамп во Белата куќа“, објавено е дека Џејмс Матис на своите соработници им рекол наводно дека претседателот се однесува како „ученик од петто или шесто одделение“.

Трамп на истиот брифинг малку претходно рекол дека со Матис никогаш не разговарал за евентуално убиство на сирискиот претседател Башар ал-Асад, спротивно на оно што ги пишува во книгата на Вудворд.

„За тоа никогаш не сме разговарале (…) Тоа никогаш не беше опција“, изјавил Трамп одговарајќи на прашање за тој дел од книгата коа, како и претходно Белата куќа во соопштение, ја нарече „чиста измислица“.

Наголемо најавуваната книга под наслов „Страв: Трамп во Белата куќа“ (Fear: Trump in the White House) којашто се темели на интервјуа, белешки од состаноци, лични дневници и владини документи а треба да се појави на 11-ти септември, ја напиша истражувачкиот новинар Боб Вудворд кој заедно со Карл Бернштајн во 1972 година го откри скандалот „Вотергејт“ кој доведе до оставка на тогашниот американски претседател Ричард Никсон. Книгата за Доналд Трамп дава мачен портрет на наводно необразован, колеричен и параноичен претседател кого неговите министри и соработници постојано се обидуваат да го контролираат за да избегнат тешки последици.

Според овие белешки кои ги собрал Боб Вудворд, по наводниот хемиски напад од април 2017 година за кој Западот го обвинува сирискиот претседател Башар ал-Асад, Трамп го повикал генералот Матис и му рекол да го убие сирискиот претседател. „Ќе го убиеме. Одиме! Одиме внатре и ќе ги поубиваме“, рекол наводно Трамп, а откако го прекинал телефонскиот разговор се по разговорот Матис се свртел кон еден од советниците и му рекол „Ништо од тоа нема да преземеме. Ќе бидеме многу поодмерени“.

Матис директно не ги оспорил овие цитати, но рекол дека никогаш не го исмејувал претседателот, како што му се припишува во споменатата книга.