„Срамота е кога мислите дека имате убијци и разбојници и диктатори и … многу морничави диктатори, држави и на сите им е дозволено да зборуваат, но претседателот на Соединетите американски држави, зад кого стојат стотици милиони луѓе, е „скинат“ од мрежата“.
Вака Трамп, во телефонско интервју за Newsmax, вчера го осуди фактот дека од 8 јануари годинава не може да објава на оваа социјална мрежа, а ги нарече талибанците „убијци и диктатори“, пишува Блиц. Поранешниот американски претседател секако мислеше на профилот на портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, каде Муџахид слободно објавуваше како и кога талибанците ќе ги прават своите идни акции.
Муџахид беше следен од повеќе од 322.000 луѓе, а неговиот профил беше активен се до вчеравечер кога Твитер и него го банираше. Од компанијата објаснија дека Твитер нема да поддржува величање насилство, но дека Твитер сака да им помогне на авганистанските граѓани.
– Приоритет на Твитер е безбедноста на луѓето, ние остануваме цврсто посветени на тоа. Ќе продолжиме да ги спроведуваме правилата на компанијата и ќе ги следиме содржините што можат да ги прекршат правилата на Твитер, особено правилата за величање на насилство, манипулација со платформата и спамирање – велат од компанијата.
Да се потсетиме, Твитер го забрани профилот на Трамп, два дена по упадот на приврзаниците на Трамп во Капитол, а некои од нив, кои успеаја да влезат внатре, беа изнесени пред американскиот суд. Во тоа време, Трамп имаше повеќе од 80 милиони следбеници на твитер-профилот.