Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека е можен нов договор со Иран за неговата нуклеарна програма, додавајќи дека економските санкции влијаеле на намалувањето на иранските активности за кои Вашингтон тврди дека се поврзани со неодманешните напади врс саудиски танкери во водите на Блискиот исток.
„Навистина верувам дека Иран сака да постигнеме договор и мислам дека тоа е многу паметно од нивна страна и дека тоа е можност којашто ќе се оствари… Има шанси да станат одлучна земја држава под истото водство… Не сакаме да го премениме режимот, сакам да бидам јасен околу тоа. Ние сакаме да нема нуклеарно оружје“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во Токио во текот на прес-конференцијата со јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон пораснаа откако лани САД се повлекоа од меѓународниот договор кој Иран го потпиша со шесте светски сили во 2015 година и наметнаа нови санкции. Потоа САД го обвинија Иран дека стои зад саботажите врз нафтени танкери во Персискиот залив на почетокот од мај. САД во регионот испратија групации на носачи на авиони, бомбардери и дополнителни 1.500 војници, поради што зајакна стравот од директен судир.
Изјавата на Трамп доаѓа откако советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон, во саботата рече дека САД поседуваат „длабоки и сериозни“ информации за ирански закани, без да открие повеќе поединости.
Американскиот претседател, кој е во четиридневна посета на Јапонија, ја поздрави помошта Шинзо Абе во решавањето на кризата со Иран откако телевизијата NHK објави дека премиерот Јапонија планира да го посети Техеран уште на почетокот на јуни. Иран, пак, тврди дека е малку веројатно дека посетата ќе се случи толку рано.
„Го знам фактот дека премиерот е многу близок со водството на Иран, па ќе видиме што ќе се случи“, коментираше Трамп.
Абе во текот на прес-конференцијата рече дека Јапонија ќе стори она што е во нејзина моќ во врска со Иран. „Мирот и стабилноста на Блискиот исток се многу важни за Јапонија, САД и целата меѓународна заедница“, истакна.
Јапонија со децеени беше голем купувач на иранската нафра пред американските санкции за кои Трамп тврди дека дејствуваат.
„Се бореа на многу локации… Сега се повлекуваат, бидејќи имаа сериозен економски проблем“, заклучи американскиот претседател за Иран.