Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, доби писмо од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Во писмото Трамп ја пофалува посветеноста на Косово за обезбедување стабилност во светот.
Хоти го објави писмото на Фејсбук со коментар во кој му се заблагодарува на американскиот претседател.
„Ви благодарам, претседателе Доналд Трамп, за грижата и посветеноста кон мирот и безбедноста на Западен Балкан и во светот. Да живее пријателството меѓу Косово и САД! “