
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп саркастично го замоли актуелниот американски челник Џо Бајден да ги пренесе неговите најдобри желби на рускиот претседател Владимир Путин и „да се обиде да не заспие“ на претстојниот самит во швајцарска Женева.
„Среќно Бајден на преговорите со претседателот Путин. Не заспивајте на состанокот и ве молам да му ги пренесете моеите најдобри желби“, порача републиканскиот политичар обраќајќи му се на актуелниот демократски претедател, кого повеќепати во текот на предизборната кампања за претедателските избори во ноември 2020 година го нарекуваш „задреманиот Џо“.
Трамп истовремено забележува дека неговиот самит со рускиот претседател во Хелсинки во 2018 година бил „решителен и многу продуктивен“. Поранешниот американски претседател изрази уверување дека САД на тој самит, спротивно на тврдењата на медиумите кои цело време водеа кампања против републиканецот, дека САД „многу добија на самитот, вклучително и почитување од претседатлот Путин и Русија“.
Трамп, исто така, нагласува дека поради ширењето на шпекуалциите во врска со Русија „измислени и платени од демократите и искривената Хилари Клинтон, САД се во неповолна позиција“. Според републиканецот, тој „успеал тоа да го надмине“.
На 16-ти јули 2018 година во Хелсинки се одржа првата вистинска средба меѓу Трамп и Путин, покрај неколкуте куси претходни контакти на маргините од меѓународни самити и форуми. Разговорот меѓу двајцата лидери без присуство на другите соработници траеја повеќе од два часа, а потоа им се придружија и членовите на делегациите. Како што тогаш беше соопштено, било разговарано за прашања од билатералните и меѓународните односи, а потоа двајцата претседатела истакнаа дека е „направен голем чекор“.
Во САД Трамп беше критикуван за наводен недостиг од цврстина во врска со наводните руски мешања во американскиот изборен систем, хакирања и тин. Сега, пак, Белата куќа најавува дека Бајден во разговорот со Путин ќе истапи од „позиција на сила“.