Трамп му посака закрепнување на Ким, доколку е болен

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека никој досега не ги потврдил имформациите дека Ким Џонг-ун се наоѓа во „животна опасност“ по кардиоваскуларна операција, како што известија некои медиуми, како и дека администрацијата на САД не располага со информациите за наводно влошената состојба на севернокорејскиот лидер.

Американската телевизија CNN, повикувајќи се на разузнавачки извор, јави дека Ким Џонг-ун е во „голема животна опасноста по операција“. Како што наведе телевизијата, Ким на 15-ти април првпат по многу години не го посетил Кимсусанскиот дворец на Сонцето на церемонијата во знак на роденденот на неговиот дедо Ким Ил-сун, што создало сомневања. Јужнокорејскиот интернетски дневен весник Daily NK, специјализиран за вести од Северна Кореја, објави во вторникот дека Ким е на лекување по кардиоваскуларен зафат на 12-ти април.

Меѓутоа подоцна официјални извори од Јужна Кореја и Кина соопштија дека не постојат никакви информации и активности во Пјонгјанг кои би посочиле или потврдиле дека северрнокорејскиот лидер е во тешка здравствена состојба и оти неговиот живот е загрозен.

„Не знаеме. Имаме многу добар однос со него. Можам само да кажам дека му посакувам сѐ најдобро. Ако е во таква состојба, каква што се наведува во извештаите, во вестите, тогаш тоа е многи сериозно состојба. Му посакувам сѐ најдобро“, рече Трамп на барањето на новинарите да ги коментира информациите за наводно влошеното здравје на Ким Џонг-ун.

„Само треба да се каже дека на Ким Џонг-ун му посакувам среќа. Имаше многу, многу сериозни медицински извештаи. Никој не го потврди тоа. Имаше на CNN. Кога извествува CNN, јас навистнина многу не верувам во тоа“, рече Трамп.