
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во интервју објавено во четвртокот рече дека ќе разговара со Роберт Ф. Кенеди помладиот, кого го номинираше за челник на минитерството за здравство за евентуално завршување на програмата за вакцинација во детството.
На прашањето дали би го ставил својот потпис кога Кенеди би решил да ја укине програмата за вакцинирање на децата, Трамп за магазинот Time: „Ќе имаме голема дискусија. Стапката на аутизам е на ниво за коешто никој никогаш не веруваше дека е возможна. Доколку ги погледнете работите што се случуваат, постои нешто што е причината“.
Запрашан дали тие разговори би можело да завршат со тоа неговата администрација да укине некои вакцинирања, Трамп кажа: „Би можело, доколку мислам дека тоа е опасно, ако мислам дека не се полезни, но мислам дека тоа во крајна линија нема да биде многу контроверзно“.
Агенијата Reuters потсетува дека Трамп во интервју од 25-ти ноември за тоа дали мисли дека детскиот аутизам е поврзан со вакцинирањето, републиканскиот повратник во Белата куќа одговори дека „ќе го сослуша Боби“, мислејќи на Кенеди.
За него има, како што рече, голема почит, како и за неговото мислење за вакцините.
Кенеди, кој се спротивстави на федералните и државните ограничувања за коронавирусот и беше обвинет за ширење дезинформации за вирусот, со години покренува сомнеж за безбедноста и ефективноста на вакцините, вклучително и за можна поврзаност меѓу вакцините и аутизмот, што беше демантирано од мнозинството во научната заедница.
Медиумите кои не беа наклонети кон Трамп во кампањата за претседателските избори наведуваат дека тој претходно наводно сугерирал дека вакцините може да се поврзат со аутизмот: „Сакам да ги видам бројките“, рече тој.
„На крајот од истражувањата што ги спроведуваме, а ние ќе дадеме сѐ од себеси, ќе знаеме што е добро, а што не“, рече сега Трамп.
Многу тврдења дека вакцините предизвикуваат аутизам можат да се проследат наназад до повлечена студија од 1998 година објавена во медицинското списание The Lancet.
Трудот, напишан од британскиот лекар Ендрју Вејкфилд, е широко дискредитиран. Истражувањето, вклучително и мета-анализата од 2014 година на студии во кои беа вклучени повеќе од 1,2 милиони деца, не открила врска помеѓу вакцините и аутизмот, наведува Reuters.
Меѓутоа, во САД сепак постојат големи сомневања во квалитетот на препаратите, особено вакцините, а скептиците го потенираат скратениот период на нивното истражување и прогласување за безбедни од вообичаеното, а се спомменуваат и лажирања на резултатите од испитувањата, а „алчната“ фармацевтска индустрија е на лош глас.
Кенеди „не е противник на вакцините, на сите видови вакцини. Тој не се согласува со некои“, рече Трамп.
Доколку биде потврдено дека ќе раководи со Министерството за здравство, Кенеди ќе ги надгледува и Центрите за контрола и превенција на болести, кои контролираат кои вакцини се препорачуваат за Американците и кога да ги применуваат.