-Таквиот трговски договор е потенцијална несреќа за нашата земја. Место тоа ќе водиме преговори за праведни билатерални трговски договори, кои ќе ги вратат работните места и индустријата на американска територија, посочи Трамп.
Покрај тоа, на 20 јануари кога Трамп ќе стапи на должност, ќе потпише указ за низа државни регулации, ќе го задолжи Министерството за труд да ги испита злоупотребите со визните програми, ќе укине некои од ограничувањата за производство на енергија и ќе побара од Пентагон да подготви план за борба со кибер нападите.