Трамп: Направен е огромен медицински напредок, оваа администрација нема да оди во затворање поради коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп порача во петокот дека неговата администрација нема да одреди „затворање“ на стопанските гранки проади коронавирусот и истовремено го истакна успехот во развивањето на вакцината против Covid-19.

„Оваа администрација нема да оди во ‘локдаун’.. што и да се случи во иднина, а кој знае која администрација тоа ќе биде, претпоставувам дека времето ќе покаже, но можам да ви кажам дека оваа администрација нема да оди во ‘локдаун’’, рече Трамп зборувајќи за пандемијата на коронавирусот во Розовата градина на Белата куќа по што немаше поставувања новинарски прашања.

Ова е првото јавно обраќање на Трамп откако медиумите пред шест дена а четири дена по изборите од 3-ти ноември го прогласија демократот Џо Бајден на американските претседателски избори. Но, Трамп не го признава поразот и натаму тврди дека на изборите имало многу неправилности и изборни измами, а неговиот тим поднесе мноштво тужби и барања за пребројување на гласовите.

Трамп зборуваше за операцијата „Warp Speed“, план за развој, производство и дистрибуција на лекови и вакцини во борбата против коронавирусот.

„Никогаш толку брзо не е дојдено до медицински напредок од овој обем“, рече Трамп јасно припиошувајќи ги заслугите за многу побрзиот развој на вакцината од вообичаено потребниот период на својата администрација.

Претходно во понеделникот лабораториите на американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и на германската биотехнолошка компанја „BioNtech“ објавија дека нивниот кандидат за вакцина е ефикасен над 90 отсто против Covid-19;.

„Операцијата Warp Speed е неспоредлива каде и да во светот“, рече Трамп додавајќи дека авторизацијата по итна постапка за вакцината се очекува извонредно брзо.

Милиони дози ќе бидат достапни за ранливите групи веќе следниот месец, истакна Трамп, а за целото американско население во април.

Уште кон средината на септември Трамп вети дека до крајот на годината ќе бидат произведени 100 милиони дози од вакцината за Covid-19 и доволно до април следната година за да се вакцинираат 330 милиони Американци.

Двете компании со кои администрацијата на Трамп склучи договор за набавка на потенцијалната вакцина – „Moderna“ и „Pfizer“ во септември објавија дека се во третата активна фаза од клиничките испитувања на своите експериментални вакцини. Првата објави дека резултатите ги очекува во ноември, а втората во октомври.

Двете компании потпишаа договори со американската влада за испорака на стотици милиони дози, па американските здравствени власти пред два месеца започнаа подготовки за да може да се складираат и првите пратки ќе ги испорачат уште во октомври, 24 часа откако вакцината ќе ја одобри Агенцијата за храна и лекови (FDA). Според најавите, вакцината ќе се дава во два наврата во интервел од три до четири седмици.

Достапноста на американската вакцина беше важна тема на предизборната кампања за претседателските избори на 3-ти ноември во која демократските кандидат Џо Бајден изјави дека не му верува дека републиканскиот претседател Доналд Трамп истакнувајќи дека вакцината треба да биде одобрена само со почитување на строгите безбедносни стандарди.