Трамп нареди декласификација на дополнителните документи во ткн руска истрага

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на министерството за правда веднаш да ги декласифицира дополнителните информации поврзани со истрагата за наводното мешање на Русија во американскит избори во 2016 одина, објави во понеделникот Белата куќа.

Меѓу документите за коишто американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на министерството за правда и на челникот на националните разузнавачки агенции да бидат објавени се и 20 дополнителните страници од извештајот на Федералното биро за истраги (FBI) односно налозите за надзор и прислушување поврзани со неговиот поранешен советник во кампањата Картер Пејџ.

Претседателот на САД, исто така, наредил и објавување на извештајот нa FBI со службеникот во министерството Брус Ор, поврзано со истрагата околу Русија, соопшти портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Трамп нареди и министерството за правда јавно да ги објави текстуалните поради околу истрагата за наводното руско мешање од страна на поранешниот директот на FBI, Џејмс Коми, поранешниот заменик директор Ендрји Меккејб, како и другите поранешни и сегашни вработени во министерството, меѓу кои и неодмана сменетиот агент на Бирото, Питер Стрзок кој испраќал пораки во коишто ја потценувал кандидатурата на Трамп за претседател на САД.

Трамп го смени Коми, кадар исто така на Републиканската партија именуван на позицијата во мандатот на демократскиот претседател Барак Обама, во мај 2017 година, во прв ред тврдејќи дека ја забошитил истрагата за кривичното дело на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон со злоупотребата на приватниот сервер и приватната електронска пошта за официјалната доверлива дипломатска преписка, а истовремено таа беше демократски противкандидат на републиканецот Трамп. Меккејб, пак, беше отсранет од должноста од министерот за правда Џеф Сешнс во март годинава.

Барањете на Трамп е последната во низата пресметки со министерството за правда за кои заедно со своите републикански сојузници тврдеа дека води нечесна истрага за наводното договарање на неговиот изборен штаб и Русија. Демократите велат дека Трамп ја политизирал оваа истрага за да ја заштити Белата куќа.

Портпаролката на FBI одбила да ја коментира директивата на шефот на државата, но еден извор запознат со процесот открива Reuters дека ниту Бирото, ниту министрството не знаат како процеост на декласификација би требало да изгледа во овој случај, бидејќи указот на Трамп ги изненадил.

Адам Шифф, демократ од разузнавачкиот комитет на американскиот Конгрес, жестоко го критикуваше претседателот Трамп.

„Претседателот Трамп е во очигледна злоупотреба на моќта одлучил да интевренира во истрагата која во тек така што нареди селективна објава на материјалот за кој верува дека може да помогне на неговата правна одбрана, и смета дека со тоа ќе протурка лажен наратив“, рече Шифф.

Демократот истакнува дека FBI и министерството за правда претходно му кажале дека објавувањето на овие материјали го сметаат за „црвена линија“ којашто не смее да се мине, бидејќи наводно ќе ги загрози изворите и методите на истрагата.

Од друга страна, пак, републиканецот Мат Гац ја фали иницијативата на претседателот Трамп.

„Овие документи на американкиот народ ќе му открие дел од состемската корупција и присутноста на највисоките нивоа во министерството и FBI, вклучително и употреба на алатките на нашата разузнавачка заедница за партиски интереси“, рече републиканецот.