
Претседателот на САД, Донал Трамп изјави дека американската војска ќе се повлече од Сирија бидејќи Исламска држава е поразена, а неопходно да се бранат границите на Америка и да се изгради „урнатата“ инфраструктура.
– Ја разбиваме ИД. Наскоро излегуваме од Сирија. Други нека се грижат за неа сега. Многу брзо, многу брзо излегуваме. Ќе имаме 100 отсто од калифатот, како го нарекуваат- рекол Трамп за време на говорот за инфраструктурата, во Ричфилд, Охајо.
Претходно Пентагон објави дека во Сирија има околу 2.000 американски војници.
Војната во Сирија трае од март 2011 година. САД и меѓународната коалиција од 2014 година спроведуваат операција против ИД без солласност на сириската влада. Русија изведува операции против исламистите од септември 2015 година по барање на официјален Дамаск.